Тарчуловски: ВМРО-ДПМНЕ е партија која со дела и работа им се одолжува на граѓаните за дадениот глас
ВМРО-ДПМНЕ е партија која со дела и работа им се одолжува на граѓаните за дадениот глас. Во Кисела Вода во изминатите четири години се реализирани голем број на проекти во корист на граѓаните, истакна денес кандидатот за градоначалник на Општина Кисела Вода од ВМРО-ДПМНЕ Јохан Тарчуловски кој им се заблагодари на граѓаните за поддршката од првиот круг и ја побара нивната доверба во вториот круг од локалните избори.
-Во населба Припор во изминатите четири години се работеше, а така и ќе продолжиме. Во наредниот период во нашата програма е предвидена фекална канализација во Припор. Еден од најважните проекти за оваа наслеба е завршување на градежните работи на булевар „Србија“. Преку поврзувањето со булевар Србија жителите од Припор ќе имаат побрз, побезбеден пристап и брзо поврзување со Општина Аеродром и излезот на Град Скопје. Во наредниот период ниту еден предмет за легализација нема да остане незавршен во Општина Кисела Вода. Во нашиот фокус ќе биде и асфалтирање на улиците, ниту една уличка во Припор нема да остане неасфалтирана, нагласи Тарчуловски.
Тој додаде дека изминатиот период ВМРО-ДПМНЕ реализирала огромен број проекти за жителите на Припор.
-Се отвори првата детска градинка со преадаптација на дел од училишниот објект на ОУ „Круме Кепески“ и доградба на нов дел. Дополнително училишниот објект целосно се реновираше со промена на прозорците, замена на фасада со нова енергетски ефикасна, целосна реконструкција на постојаниот дотраен покрив на училиштето. Се изгради современо детско игралиште, изграда на летна училница, како и изградба на повеќенаменско игралиште. Се реконструираа улици, а се исчистија и многуте депонии. ВМРО-ДПМНЕ е партија која стои зад дадениот збор, истакна Тарчуловски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа