ДИК го усвои извештајот за пристигнатите приговори
Државната изборна комисија на седница одржана денеска попладне го усвои извештајот за пристигнатите приговори кои се однесуваат на гласањето на локалните избори одржани во неделата.
До Изборната комисија пристигнати се вкупно 47 приговори од четири политички партии.
ВМРО ДПМНЕ која поднесе 43 приговори и по еден од ТМРО, Алијанса за Албанците и Левица.
Приговорите се однесуваат за сумирањето на гласовите за градоначалници во шест општини -Град Скопје, Центар, Радовиш, Струга, Сарај и Кривогаштани и за исто толку општини за гласањето за Совет.
Разгледувњето на приговорите од страна на Државната изборна комисија треба да почне утре.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа