БЕСА и Алијансата на Албанците здружени во втор круг од Локалните избори

 

Движењето БЕСА и Алијансата за Албанците со договор за поддршка во вториот круг на локалните избори. Велат дека тоа ќе има треба со оглед на резултатите од првиот.

Движењето БЕСА и партијата Алијанса за Албанците си дадоа поддршка во вториот круг од локалните избори. Потпишаа меморандум за соработка. Договорот предвидува движењето БЕСА да ги поддржи кандидатите на Алијансата во пет, и да добие повратна поддршка во седум општини. Веќе долго време се потребни промени во албанскиот политички блок и затоа токму денеска дојде до оваа соработка- велат од новоформираната коалиција.

Двете партии се надеваат на победа во вториот круг од локалните избори закажани за 29-ти октомври. Од друга страна, пак, од ДУИ сметаат дека тие ќе бидат апсолутен победник меѓу албанските партии. Османи ја коментираше и коалицијата меѓу БЕСА и Алијансата, во ситуација кога Зијадин Села е дел од владата.

Шефот на изборниот штаб на Алијанса за Албанците, Елми Азири за Струга, пак, очекува премиерот и лидер на СДСМ, Заев како коалиционен партнер во Владата да остане неутрален.

 
 

 

 

18.10.2017 - 22:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега