ДИК ќе одлучува по приговорите за изборите - најмногу поднесе ВМРО-ДПМНЕ

 

Државната изборна комисија на денешната седница треба да ги разгледа и да одлучи по приговорите од подносителите на листи на кандидати во врска со гласањето на првиот круг на локалните избори.

Во предвидениот рок до ДИК беа поднесени вкупно 46 приговори. Најмногу приговори поднела ВМРО-ДПМНЕ, 43, и по еден од ТМРО, Алијансата на Албанците и од Левица.

ДИК е должна да реши по приговорите на кандидатите во постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултати од гласањето, во рок од 48 часа по приемот. Против одлуката на ДИК може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението.

Управиот суд на Република Македонија, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием.

Вториот круг на локалните избори ќе се одржи на 29 октомври. 

 

 

 

19.10.2017 - 08:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега