Бочварски вети низа на проекти за штипските населби Баби и Дузлак
Нови тротоарни површини, но и асфалтирање на улици во штипските населби Баби и Дузлак се дел од програмата за работа на новата локална власт, најави денеска на прес-конференција кандидатот за градоначалник на Штип од СДСМ, Благој Бочварски.
- Што се однесува до Основното училиште „Славејко Арсов“ и градинката во населба Баби ќе добијат нови енергетски фасади не само да бојадисуваме фасади како што тоа го прави актуелната локална самоуправа, туку да направиме енергетски ефикасни фасади кои што ќе направат заштеда на енергија, ќе дадат подобри услови за децата, рече Бочварски.
Тој истакна дека новото раководство на ЈЗУ Здравствен дом „Панче Караѓозов“ пред неколку дена ја отвори и здравствената амбуланта во населбата Баби, а фудбалското игралиште во оваа населба ќе добие и свои трибини, за граѓаните да можат без проблеми ги следат натпреварите.
Бочварски најави дека ќе се подобри и уличното осветлување, а ќе биде поставен и нов дрворед меѓу населбите Дузлак и Баби и ќе се уредат сите зелени површини.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа