Захариев вети енергетски фасади на старите згради во Штип
Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Штип, Илчо Захариев на денешната прес-конференција во населбата 8 Ноември најави дека сите станбени згради, кои се стари од 30 до 50 години ќе добијат енергетски фасади, по сите стандарди, а нивната реконструкција ќе биде направена со средства од буџетот на општина Штип.
- Тоа значи дека зградите во населбата 8 Ноември, оние т.н згради кои се направени по руска технологија, зградите кои се наоѓаат во населбата „Автокоманда“, каде голем дел од нив се доизградија, надградија и се легализираа. Зградите кои се наоѓаат во населбата „Сењак“, во централното градско подрачје посебно седумте кули Општина Штип со сопствени финансиски средства ќе ги направи новите фасади, вели Захариев.
Тој забележа дека со реконструкцијата на фасадите ќе се промени и ликот на населбите, а истовремено на зградите каде што се поставени кровните конструкции надвор од сите стандарди ќе бидат пставени нови, за да станарите бидат максимално безбедни.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа