Заев: Во Љуботен ќе има и водовод и градинка и улици
Водовод и чиста вода за пиење, нова градинка, асфалтирани улици..., вети вчера претседателот на СДСМ Зоран Заев пред жителите на село Љуботен, доколку биде избран кандидатот за градоначалник за Општина Бутел од коалицијата „За живот во Македонија“ Велимир Смилевски.
-Ова што го работиме заедно е вредно, ајде да го продолжиме на 29 ноември. Македонија е сплотена како никогаш досега, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци... само заедно можеме напред и само сплотени ќе ги решаваме проблемите. Ќе има живот и во Бутел и во цела Македонија, порача Заев на средбата со жителите.
Додека светот се развива, рече Заев, се развива интернет комуникацијата, се отвораат шанси, се отвораат работни места, а во делови од Македонија, како во Љуботен, се уште се гази во кал.
-Ќе ги асфалтираме улиците по селото, до последните сокаци. До крајот на 2018 година, најважните проблеми за жителите овде ќе ги решиме. Ќе ги развиваме селата. Ќе ни одат и градовите напред, ако има живот во селата, истакна Заев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа