Коста Јаневски и официјално градоначалник на Струмица

 

Коста Јаневски од денеска и официјално ја презеде функцијата градоначалник на општина Струмица. По врачувањето на уверението од страна на ОИК досегашниот в.д. градоначалник Костадин Костадинов му ја предаде функцијата на Јаневски. Притоа новиот градски татко на Струмица истакна:

-Со голема чест, но истовремено и одговорност, денеска, ја примив функцијата градоначалник на општина Струмица. Велам чест, затоа што Струмица не е било која општина, туку, најпрогресивната општина во последните 12 години, од која граѓаните очекуваат многу и тоа со право. Одговорност, затоа што мојот градоначалнички мандат ми е доверен со многу гласови. Тоа се гласови на граѓани кои во понудената програма ја препознаа мојата визија и љубов кон Струмица, кои ја препознаа мојата сериозност и посветеност во нејзиниот развој. Препознаа живот во Струмица за сите. Мојот кабинет секогаш ќе биде отворен за проблемите на граѓаните, нивните идеи и сугестии. Затоа што јас сакам заедно со нив да ја градиме иднината на Струмица. Да обезбедиме квалитетен живот за сите – истакна новиот градоначалник на Струмица, Коста Јаневски.

Инаку, Јаневски е кандидат од СДСМ, а мнозинството во Советот на општината го има оваа партија, која освои 14 советнички места, а ВМРО ДПМНЕ 9.

Досегашниот в.д.градоначалник на Струмица, Костадинов, по завршувањето на локалните избори ќе го зазеде столчето на сегашниот градоначалник и веќе поранешен пратеник во македонското собрание. Костадинов на последните парламентарни избори беше 14 на листата на СДСМ во четвртата изборна единица и откако досегашните пратеници Коста Јаневски од Струмица и Сашко Поцков станаа градоначалници на Струмица, односно Гевгелија, младиот Костадинов својата политичка кариера ќе ја продолжи како пратеник.

 

 

 

20.10.2017 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега