Трајковски: Во следните четири години во Гази Баба ќе изградиме две нови училишта и две нови училишни спортски сали
Како и досега, така и во следните четири години ќе инвестираме во подобрување на условите за непречено одвивање на воспитно – образовниот и наставниот процес во оновните училишта во Гази Баба, ова преку својот Фејсбук статус го најави кандидатот за градоначалник на Гази Баба од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Трајковски.
-Оваа година зпочнавме со изградба на ново ОУ „Вера Јоциќ“ во населбата Хиподром, кое ќе започне со работа на 1-ви септември 2018 година. Во н. Ченто ќе се гради ново основно училиште „Крсте Мисирков“, а во сите основни училишта ќе направиме набавка на современи нагледни средства. Ќе изградиме две училишни спортски сали – во ОУ „Вера Јоциќ“ Хиподром и во ОУ „Кирил и Методиј“ Стјковци. Ќе настојуваме во сите училишта да го докомплетираме педагошко – психолошкиот тим со вработуваање на дефектолози и психолози.
Во сите основни училишта ќе обезбедиме услови за продолжен престој на учениците, потенцира Трајковски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа