Груевски: Поради овие шест цели СДСМ е донесен на власт

 

Промена на името и идентитетот е главната цел поради која СДСМ се донесе на власт откако во декември ги изгубија изборите, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски вечерва од Зрновци.

Тој вели дека постојат најмалку шест цели поради кои партијата на Заев стана власт во Македонија.

-Втората цел е договорот со Бугарија. Третата цел е да ја населат Македонија со мигранти, ние немаме ништо против тие луѓе, имаат мака, кога поминуваа низ Македонија им се помагаше, но ниту тие сакаат да се тука ниту ние можеме економски тоа да го поднесеме. СДСМ да се покажат пред некои други премиери и претседатели дека се добри, прифатиле да донесат огромна бројка на мигранти тука, да ги населат, да им дадат државјанство и трајно да живеат во Македонија. Четвртата работа е законот за двојазичноста кој е неуставен и го туркаат таков неуставен. Петтата работа е зголемувањето на даноците за кое ќе видите како ќе се почувствува, истакна Груевски.

Според него, шестата работа поради која СДСМ е донесена на власт, е создавање на атмосфера понатаму да има легализација на хомосексуални бракови и посвојување на деца од страна на тие парови.

 

 

 

25.10.2017 - 20:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега