Груевски: ВМРО-ДПМНЕ ги намали даноците на најниско ниво во светот, додека СДСМ ветува ново зголемување на истите

 

Живееме во едно време кога СДСМ не можејќи да го победи ВМРО-ДПМНЕ примени темни и мрачни методи, примени заплашувања, притисоци, уцени и многу поткуп кој беше карактеристика во првиот круг од локалните избори, а на тој начин сакаа да речат дека народот ги поддржува и дека имаат други планови со Македонија и потребно им е на нив и на нивните спонзори да изгледаат како спонзори, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вечерашниот митинг во Чешиново Облешево.

-Тие велат дека ќе ја ре- дефинираат Македонија и тоа веќе го започнаа, а јас ќе ви кажам шест точки со кои што тие сакаат да ја ре- дефинираат Македонија: Првата за која објавија дека веќе започнува после изборите е промена на уставното име и идентитетот на Македонците, втората е Договорот со Бугарија, третото е Законот за двојазичноста, потоа доселување на мигрантите, петтото е зголемување на даноците, како и легализација на хомосексуалните бракови и тие да можат да посвојуваат деца. Тие вршат и поткуп во секоја куќа и населено место, информациите велат дека тие потрошиле 20 милиони евра во поткуп на македонските гласачи, но јас ќе им порачам дека нема да не скршат, рече Груевски.

Тој додава и дека зголемувањето на даноците не го кријат туку се фалат дека ќе ги зголемат даноците.

-ВМРО-ДПМНЕ ги намали до тој степен даноците што имаме најниски даноци во светот и тоа е добро за секој човек бидејќи повеќе пари остануваат во неговиот џеб или на контото на неговата фирма, а сега новата влада се фали дека ќе го зголеми персоналниот, данокот на добивка како и ДДВ. Денес слушнав изјава на потпретседателот на Владата, Анѓушев, вели дека „зголемувањето на даноците нема да биде на штета ниту на граѓаните ниту на компаниите, дури и од корист ќе им било“, потенцира Груевски.

Тој додава дека видовме како СДСМ спроведуваат избори и им порача дека нема да ги скршат и дека секој оној кој тргнал против својот народ лошо завршил.

-Ние ВМРО секогаш остануваме со вас, рамо до рамо да ги победиме и да ги поразиме, ВМРО од секогаш била со народот и во добро и во лошо, сега се тешки времиња, но ќе дојдат нови. Красниќи на слободна, а Едмонд Темелко, човек кој што е борец за човекови права на Македонците во Албанија, единствен градоначалник надвор од границите на Македонија, тој во затвор. Убијците на децата во Смилковското езеро ќе ги пуштаат на слобода, а дедото за кубење коса, четири години затвор, изјави Груевски.

Тој кажа дека немилите настани кои се случени на 27 април биле немили сцени кои не требало да ги има, но дека биле намерно испровоцирани. Тој кажа и дека кога гледаат колку криминалци се ослободуваат од затвор и гледаме како се апсат овие луѓе тоа е неправда и најави дека целосно ќе се застане зад нив.

-Во оваа општина во 2006 кога дојдовме на власт имаше 560 вработени, а на крајот на 2016 беа регистрирани 1570 вработени и тоа е скоро три пати повеќе вработени лица во Чешиново Облешево. Во иднина ќе обезбедиме и бесплатен здрав оброк за секое дете од прво до петто одделение во училиштата, а со тоа и родителите ќе заштедат повеќе пари. Општината ќе овозможи и стекнување на сопствен дом на сите граѓани за само по едно евро за квадрат како почетна цена, а освен тоа и укинување на комуналиите за градење на куќа.  Нудиме концепт во кој ќе нема неасфалтирана улица и ќе има парк во секое маало, изјави Груевски.

 

 

 

25.10.2017 - 22:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега