Трајковски: Уште чекаме да кажат кој проект СДСМ за Гази Баба го сработе во сите години на нивна власт, нема таков

 

Кандидатот за градоначалник на општина Гази Баба од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Трајковски на денешната дебата во МРТ го праша својот противкандидат од СДСМ, Борче Георгиевски да каже барем едне проект кој бил реализиран од страна на СДСМ.

-Борис Георгиевски два мандата беше советник и голема е разликата меѓу неговиот тим и нашиот тим. На сите дебати досега поставувам само едно прашање „Еден проект кој што го реализирал Борис заедно со неговиот тим, заедно со Владата нивна и во минатото и сега. Еден проект да напомене во Гази Баба, дали е тоа ново училиште, дали е тоа нова градина?“, праша Трајковски.

Вели дека се лажни тврдењата оти нема направено ниту едно метро канализација во неколку населени места.

-Во Трубарово веќе интензивно се гради канализација. Интензивно се гради во Колонија, интензивно се гради во Јурумлери. Деновиве го потпишавме договорот за да почнеме канализација во Гоце Делчев, а претходно населенените места Стајковци, каде што впрочем и живее господинот Борис, Инџиково, Економија, Сингелич, сите тие добија фекална канализација, истакна Трајковски.s

Тој во неколку наврати го праша Георгиевски во текот на дебатата да ги каже проектите кои СДСМ ги сработела за Гази Баба.

 

 

 

25.10.2017 - 22:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега