Во недела ќе гласа половина Македонија

 

Вториот круг од локалните избори во Македонија ќе се спроведува на 1.517 избирачки места во 35 општини, каде право на глас имаат 833.710 граѓани, или нешто помалку од половината запишани на избирачкиот список. 

Во скопските општини Бутел, Кисела Вода, Гази Баба, Чаир, Шуто Оризари и Чаир, право на глас имаат 260.194 граѓани, кои ќе гласаат на 387 избирачки места.

Во останатите 29 општини во Македонија во вториот круг ќе гласаат 573.616 граѓани на 1.130 избирачки места.

Изборната кампања за вториот круг завршува на 27 октомври во 24 часот, по што следи изборниот молк кој трае до завршувањето на изборите во 19 часот на 29 октомври.

Во првиот круг од локалните избори беа избрани градоначалници на Скопје и на 45 општини.

 

 

 

 

 

26.10.2017 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега