Тарчуловски: Најмалку 10 компании ќе инвестираат во Општина Кисела Вода

 

Кандидатот за градоначалник на Општина Кисела Вода од ВМРО-ДПМНЕ Јохан Тарчуловски во синоќешната ТВ дебата на Канал5 истакна дека пред политичката криза, голем број комапнии биле во почетна, некои во завршна фаза на преговори за инвестирање.

 

-Се исплашија луѓето бидејќи се работи за голем капитал, но останаа контактите со компаниите. Најмалку 10 ќе бидат во Општина Кисела Вода. Знаеме кои се компаниите и што сакаат, а и тие знаат ние што нудиме. Ние се бориме да донесеме инвестиции, посочи Тарчуловски.

 

 

 

 

26.10.2017 - 18:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега