Груевски: Немаме народна власт, имаме марионетска власт

 

Денеска  претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски беше на средба со граѓани во Општина Могила. Тој таму кажа дека најголемо лицемерие е дека токму Заев има полна уста на зборови од типот, чесност, правда.

-Заев ни говори за чесност замислете, Заев да говори за чесност, дошол чесен премиер, дошле чесни политичари и сега ќе дојделе чесни градоначалници. Што време дојде, да слушаме од оние што се најнечесни да се фалат дека чесни. Кој си ја има мувата на капата, тој си ја ишка. Нема ден да не помине, Заев да каже едно 50 пати за себе дека е чесен, затоа што е спротивното од тоа. Прво ред фалење на себе за чесност, па ред фалење на соработниците за чесност, па сега фалење за идните градоначалници, кои допрва дел од нив треба да победат, дека и тие биле чесни, уште не сме ги виделе, изјави Груевски.

 

Груевски кажа дека ако некој е чесен не мора тоа да го кажуваш 50 пати на ден. Груевски порача дека не треба да се заборави како делеше тендери во Струмица, како ја виткаше кичмата, како евро за Вицето, евро за црква. Груевски порача дека нема да има спас за партиските полицајци на Оливер Спасовски и СДСМ.

-Немаме народна власт, имаме марионетска власт, донесена од други од надвор, а историјата покажува дека секоја марионетска власт има краток век на живот. Им служела на тие што им служи, додека на народот не му прекипело и да ја набрка и да си ја врати народната власт, тка аќе биде и во Македонија. Памтете што сум ви кажал, нема многу време да помине, кога овие ќе им дојдат преку глава на сите луѓе, ќе бидат набркани и ќе си ја врати народот ВМРО-ДПМНЕ на власт, изјави Груевски.

Груевски порача дека СДСМ треба да знае дека оваа земја му припаѓа на овој народ, дека нема пари кои можат да го купат достоинството на народот и покрај тоа што СДСМ има многу пари од одредени спонзори. Спонзори за кои Груевски вели дека чекаат исполнување на барањата кои ги имаат до власт.

-Крајната цел на овие африкански избори и на инсталирањето на заробена држава е да се сузбие секој слободомислечки Македонец кој што си ја сака државата, кој се бори за својата држава, за својата татковина, за своето име, за својот идентитет, за својот јазик итн, изјави Груевски.

Тој вели дека целта на оваа власт е да се направи дека да се сака државата демоде, а дека модерно е легализирање на марихуаната, легализирање на геј браковите и многу други работи, како што велат тој нормалното да го направат ненормално, а ненормалното да биде нормално.

Тој кажа дека економијата во моментов во државата тоне, сите економски параметри одат во надолна линија, секој месец се пониски се очекувањата за раст на економијата. Тој напомена и дека место поголема просечна плата, таа сега паѓа, дека нема зголемување на пензиите повеќе. Тој кажа дека се што ветиле заборавиле, но не заборавиле да го потпишат штетниот договор со Бугарија, со кој историјата ни ја пишуваат токму Бугарите.

-Заев е донесен да изработи промена на името и идентитетот, а сега сето ова се прави за да му се даде подлога дека има легитимитет меѓу луѓето, со поткуп и со присилни гласови, се со цел да му дадат легитимет и храброст да продолжи во ветеното понатаму. Тој всушност зборуваше за редифинирање на државата, тоа се шест точки. Првата точка е промена на името и идентитетот, втората точка е договорот со Бугарија, третата точка е носење на мигранти во Република Македонија и нивно доселување тука, четвртата точка е двојазичност на цела територија со неуставен закон, петтата точка е зголемување на даноците и шестата точка е редифинирање на бракот, тој да не е заедница на еден маж и една жена, туку да се легализираат хомосексуалните бракови и да им се даде можност да посвојуваат деца, изјави Груевски.

 

 

 

26.10.2017 - 21:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега