Захариев: Да ги завршиме заедно почнатите проекти

 

Да ги довршиме заедно почнатите проекти и дела, им порача денеска на штипјани кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Илчо Захариев во своето последно обраќање пред изборниот молк, кој почнува вечерва на полноќ.

Захариев на прес-конференција рече дека сочувствува со граѓаните и жали што во кампањата за вториот изборен круг биле окупирани со над 150 припадници на Министерството за внатрешни работи.

- Притисоци, закани, уцени, тортура беше наше секојдневие. Штип имал автономија и во турско, се уште одекнуваат песните на славните војводи од Ново Село. Камениот Мост е сведок за борбата на штипјани за слобода. Тврдината на Исарот и Алејата на нашите великани партизани е незаборавно, постојано потсетува на непокорот кој живее со векови, тука покрај водите на реките Отиња и Брегалница, рече Захариев и побара поддршка од граѓаните на 29 октомври. 

 

 

 

 

27.10.2017 - 16:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега