Акредитирани 5.101 домашни и 473 странски набљудувачи за вториот круг

 

За вториот круг од Локалните избори во Македонија што ќе се одржи утре, Државната изборна комисија (ДИК) акредитираше 5.101 домашни и 473 странски набљудувачи, како и 20 странски новинари. ДИК за вториот круг од изборите акредитираше дополнителен број набљудувачи и новинари.

Од домашните најголем број набљудувачи има МОСТ – 2.917, потоа Здружението на граѓани ЗХА „Синергија“ – Штип 1.829, Цивил – Центар за слобода 207, Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид – Скопје 125, Центарот за разбирање и институционална соработка Скопје – ЦРИС Скопје 17 и Македонскиот центар за култура и развој – шест набљудувачи.

Од странските, најголем број набљудувачи има Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР 289, потоа Амбасадата на САД во Македонија 35, Делегацијата на ЕУ 23, Меѓународниот студиски центар за избори (ИЕСЦ) 18…

Набљудувачи имаат акредитирано и Канцеларијата на НАТО во Скопје и амбасадите на Руската Федерација, Албанија, Австрија, Франција Велика Британија, Шведска, Унгарија, Холандија, Италија, Словачка, Државна изборна комисија на Црна Гора, централните изборни комисии на Косово и на Бугарија и Меѓународна фондација за изборни системи (ИФЕС) – Канцеларија во Република Македонија.

Во ДИК се акредитирани и 315 преведувачи.

За вториот круг од изборите акредитирани се и дваесет новинари – од Ал Џазира Балкан, Гласот на Америка, Агенција за вести – Косова Пресс, Руска информативна агенција ТАСС, Унгарската државна телевизија, Асошиетед Прес и ТВ Коха Висион – Приштина.

 

 

 

29.10.2017 - 09:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега