Одѕивот до 10 часот во Виница е 10,8 отсто, во Зрновци 17,3 отсто, а во Чешиново Облешево 12,9 отсто

 

 Од општинските извборни комисии на Виница, Зрновци и чешиново Облешево каде се спроведува вториот круг од гласањето на локалните избори истакнуваат дека излезеноста е зголемена уште во првите часови од гласањето.

Во Виница од запишаните 17.354 граѓани со право на глас на 33 избирачки места до 10 часот гласале 1.868 граѓани или 10,8 отсто.

Во општина Зрновци до десет часот гласале 455 граѓани со право на глас или 17,3 отсто. Во оваа општина на единствениот избирачки список се запишани 2.628 избирачи кои своето право на глас ке го остварат на четири избирачки места.

Зголемена излезност се бележи и во општина Чешиново Облешево, каде до 10 часот гласале 7.453 граѓани со право на глас или 12,9 отсто. Во оваа општина се запишани 5.695 граѓани со право на глас кои денеска гласаат на 13 избирачки места.

Гласањето во овие општини, според претседателот на ОИК, се одвива во мирна, фер и демократска атмосфера.

 

 

 

29.10.2017 - 10:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега