ДИК: Гласањето без проблеми, излезноста до 10 часот - 8,09 отсто

 

 Гласањето на 1.517-те избирачки места во 35 општини каде што се спорведува вториот круг од локланите избори до 10 часот се одвива непрекинато и без повреди, а гласачките места се отворени навреме, соопшти на првата прес-конференција денеска Државната изборна комисија (ДИК). 

Излезноста на гласачите до 10 часот е 8,09 отсто од обработени податоци од 1.516 избирачки места. Највисока е излезноста во Демир Капија, 22,47 отсто, а најмала во Студеничани 3,09 отсто. 

До 11 часот ниту еден граѓанин нема поднесено приговор за заштита на избиракото право, соопшти портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска. 

 

 

 

29.10.2017 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега