Во Струга до 10 часот гласале над седум проценти од граѓаните
Изборниот процес во вториот круг од Локалните избори во општината Струга се одвива непречено и во демократска атмосфера, на сите гласачки места.
Бледар Зиба, претседателот на ОИК информираше дека до 10 часот на изборите излегле и гласале 4.310 лица или 7,12 отсто од граѓаните со право на глас.
Вкупно 60.530 регистрирани граѓани на Струга денеска го избираат новиот градоначалник .
29.10.2017 - 11:19
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа