Во Штип излезност до 10 часот е 15 проценти
Во Штип своето право на глас во вториот изборен круг го искористиле 15,7 проценти од вкупниот број избирачи во Општина Штип. Претседателката на ОИК-Штип, Сенка Андреева вели дека 80-те ибирачки места се отворени во седум часот, а не се забележани никакви проблеми.
Најголем процент на излезност во претптпладневните часови се бележи на гласачките места во централното градско подрачје, каде што веќе до 11 часот своето право на глас го искоритиле околу 20 проценти од гласачите кои се евидентирани во избирачкиот список.
Во Штип со право на глас се вкупно 42.083 гласачи. Во источниот дел од Македонија втор круг на локалните избори се спроведува во вкупно седум општини, каде што има 223 избирачки места, а право на глас имаат 90.727 гласачи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа