„Излези да гласаш“: Повеќе нерегуларности – делење флаери во Гази Баба, Кисела Вода и Штип, семејно гласање во Сарај

 

Коалицијата „Излези да гласаш“ информира дека изутрината се забележани неколку нерегуларности на повеќе избирачки места во државата.

-Забележано е делење на флаери во општина Гази Баба, Кисела Вода и Штип. Во општина Чешиново-Облешево е пријавено и повикување на лица на информативен разговор. Имало евидентирано и семејно гласање во општина Сарај, како и големо присуство на полициски сили низ неколку општини на територијата на Република Македонија, истакна Илијан Цветковски од коалицијата „Излези да гласаш“.

 

 

 

 

 

29.10.2017 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега