МОСТ:Семејно гласање, фотографирање на ливчиња и присуство на неовластени лица
Семејно гласање, присуство на неовластено лице и фототграфирање гласачки ливчиња, се само некои од нерегуларностите што ги регистрира Граѓанската асоцијација МОСТ на денешното гласање во вториот круг од локалните избори.
Како што соопшти Златко Димитриоски на прес-конференција, на гласачкото место 1471 во Дебреште, Општина Долнени, евидентирани се девет случаи на семејно гласање, 27 гласови се злоупотребени во гласачкото место 1472 во село Лажани, Општина Долнени, а на гласачкото место 0888 во село Видовиште, оштина Зрновци, тројца гласачи биле обележани со мастило на левата, наместо на десната рака.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа