Дебар со помала излезност во вториот круг до 17 часот

 

Во општина Дебар до 17 часот правото на глас го искористиле 36,9 отсто од вкупниот број гласачи.

- До 17 часот гласале 6.871лице што претставува 36,9 отсто од вкупно запишаните 18.406 лица. Во првиот круг излезеноста беше над 40 отсто, потврди Саит Абазоски, член на ОИК на Дебар.

Излезеноста е помала споредено и со процентот забележан на минатите локални избори, во 2013 година. Тогаш до 17 часот гласале 45,6 отсто.

Изборниот ден минува без проблеми. 

 

 

 

29.10.2017 - 17:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега