Груевски побара ново СЈО за изборите

 

На прес-конференција вечерва, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, изјави дека не ги признаваат овие избори кои за нив се нефер и недемократски и дека бараат итни предвремени парламентарни избори.

објави и 7 барања од ВМРО-ДПМНЕ:

  1. Организирање на предвремени парламентрани избори согласно Пржинскиот модел кои ќе бидат спроведени од техничка Влада, на исти начин како што беа организирани парламентарните избори на 11 декември 2016 година. Ајде Заев ако си толку силен и јак, да одиме на избори. Ако ние можевме да спроведеме избори по овој модел, најмалку што можеш е и ти да се согласиш да одиме на избори по истиот тој модел.
  2. Итна смена на директорот на Агенцијата за аудиовизулени и медиумски услуги, и избор на директор на оваа значајна институција по предлог на опозицијата.
  3. Оставка од претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, враќање на старото законско решение и избор на претседател на ДИК од редовите на опозицијата, бидејки под плаштот на независен експерт, всушност се инсталираше личност која не работеше правично и чесно, туку по инструкции на друг,
  4. Итна истрага и вештачење со наше учество на уредите за прислушкување на УБК, заради основано сомнение дека полицијата врши прислушкување на најмалку 100 лица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ
  5. Итно и без пролонгирање завршување на судењето за случајот Поткуп, во кој Заев на очиглед на целата јавност бара мито во висина од 200 илјади вера
  6. Основање на специјално јавно обвинителство кое ќе има ингеренции за расчистување на изборните нерегуларности од изборите во 2016 и изборите во 2017 година, како и на злоупотребата на целокупниот државен апарат во изборни цели за изборите во 2017 година
  7. Откако се виде дека масовно се ослободуваат сторители на тешки кривични дела, бараме итно ослободување на лицата кои се во притвор и прекинување на процесите против сите граѓани за случувањата на 27 април 2017 година, рече Груевски.

 

 

 

 

29.10.2017 - 20:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега