Петров: Ќе бидам градоначалник на сите жители на Демир Капија

 

Ќе бидам градоначалник на сите жители на Демир Капија, рече вечерва кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ и коалицијата, Лазар Петров, кој прогласи победа. 

- Чувството е одлично, задоволство е да се има ваков тим и да се работи со него. Нема да ги делам луѓето ниту по расна, ниту по партиска припадност, додаде тој.

Нагласи дека ќе работи за доброто на Демир Капија, да биде општина за сите, напредна и просперитетна, со посебен акцент на еко и винскиот туризам.

 

 

 

29.10.2017 - 22:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега