Таравари го обвини министерот Спасовски за притисоци
Членови на Алијансата за Албанците, движењето Беса, симпатизери и поддржувачи на двете партии, прославуваат по улиците на Гостивар. Кандидатот за градоначалник Арбен Таравари во обраќањето пред малку кажа дека Гостивар, конечно е слободен.
– Го победивме малиот диктатор во Гостивар. Отсега сите граѓани и сите етникуми ќе живеат слободно. Продолжуваме понатаму, на следните парламентарни избори ќе ги победиме ДУИ на ниво на државата, рече Таравари.
Во штабот на Таравари според партиски извори веќе ја слави победата, а наводно разликата во гласовите биле над 1.000 гласови. Таравари го обвини министерот Спасовски за притисоци, дека се јавувал на луѓе и агитирал за кандидати на ДУИ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа