ДУИ слави за победата во Чаир со рафали од автоматска пушка на плоштадот Скендербег

 

Приврзаници на ДУИ со истрели од огнено оружје на плоштадот Скендер бег ја слават победата на Висар Ганиу, кој, според партискиот штаб на интегративците, ќе биде нов градоначалник на Чаир. Како што се гледа на видеото на Телма, се создаде паника среде прес-конференцијата по изборите.

Според партиски извори од штабот, Ганиу победил со над илјада гласови разлика иако во тој момент (околу 21 часот), според пребројаните резултати на ДИК се уште беше тесно и кандидатите се сменуваа во водство. 

Еден од приврзаниците пред да почне да зборува Ганиу во негова непосредна близина испука цел шаржер, а неколку куршуми удрија во долниот дел од катот на плоштадот Скендер бег по што деланки бетон паѓаа врз кандидатот, но и врз вицепремиерот Османи, пишува Република.

 

 

 

29.10.2017 - 23:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега