Алијансата на Албанците поднесе 13 приговори до ДИК за гласањето во Струга

 

Алијансата на Албанците денеска до Државната изборна комисија (ДИК) поднесе 13 приговори за гласањето за градоначалник во вториот круг од локалните избори во Струга, јави МИА.

Кандидатот за градоначалник на Алијансата на Албанците за Струга и лидер на партијата Зијадин Села во неделата освои 13.157 гласови, додека за кандидатот на ДУИ Рамиз Мерко гласаа 13.945 граѓани.

Села во изјава за медиумите по завршувањето на гласањето рече дека не ги признава резултатите од гласањето и најави дека неговата партија ќе поднесе приговори за нерегуларности до Државната изборна комисија.

Рокот за поднесување приговори за постапката за гласање истече во 19 часот, додека рокот за поднесување на приговори за постапката на сумирање и утврдување на резултатите од вториот круг на локалните избори истекува во 2 часот по полноќ.

ДИК, по приемот на приговорите е должна во рок од 48 часа да донесе одлука по нив.

 

 

 

31.10.2017 - 20:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега