Алијанса за Албанците и БЕСА поднеле вкупно 86 приговори до ДИК
Рок од 48 часа има Државната изборна комисија за да одговори на приговорите кои партиите од албанскиот блок ги поднесоа во однос на изборниот процес.
Партијата на Зијадин Села и Билал Касами поднеле вкупно 86 приговори за општина Чаир.
Алијанса за Албанците и БЕСА обвинуваат за нефер изборен процес во скопски Чаир.
Емат Мехмети од БЕСА посочи дека имало голем број неважечки ливчиња и разни неправилности.
Овие две партии кои доаѓаат од албанскиот блок бараат ДИК непристрасно да ги разгледаат и да одлучат праведно.
Доколку ДИК не одлучи согласно желбите на Села и Касами,тогаш нивните партии имаат можност да поднесат тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението. Тој суд пак ќе има исто толку часа, односно 48 часа за да донесе одлука.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа