Поднесени стотина приговори за вториот круг од локалните избори
Алијансатана на Албанците, БЕСА и НДМ поднесоа приговори до Државната изборна комисија (ДИК) за вториот круг од локалните избори што се одржаа во неделата.
Според информациите од ДИК, во рокот кој истече во два часот по полноќ, Алијансата на Албанците поднесе 13 приговори за Струга, Беса поднесе вкупно 89 приговори од кои 86 заедно со Алијансата на Албанците за Чаир и три за Тетово. Еден приговор има поднесено и партијата НДМ за гласањето во Чашка.
ДИК, по приемот на приговорите е должна во рок од 48 часа да донесе одлука по нив.
Против одлуката на ДИК, подносителот на листата може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението. Управиот суд на Република Македонија, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием. Одлуките на Управниот суд се конечни.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа