ДИК ќе ги разгледува приговорите од вториот круг на изборите
Државната изборна комисија (ДИК) попладнево на седница со почеток во 17:30 часот ќе ги разгледа поднесените приговори од вториот кург на локалните избори што се одржа во неделата, на 29 октомври 2017 година.
На дневен ред е Извештајот за поднесените приговори на постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите од гласањето во вториот изборен круг на Локалните избори 2017 година, по листите на кандидат за градоначалници на општините, одржан на 29 октомври 2017 година, со предлог – заклучок за известување за конечност на резултати од гласањето во вториот изборен круг на Локалните избори 2017 година за соодветните општини.
Според ДИК, поднесени се стотина приговори за вториот круг од локалните избори.
Во рокот кој истече во два часот по полноќ, Алијансата на Албанците поднесе 13 приговори за Струга, Беса 89 приговори од кои 86 заедно со Алијансата на Албанците за Чаир и три за Тетово.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа