Изборен молк - утре се прегласува во Чаир
Денеска па се до утре до 19. часот е изборен молк.
Во општина Чаир во избирачкото место 2901 утре ќе има повторно гласање за градоначалник, откако Управниот суд прифати жалба и одлучи да има повторување на гласањето на ова избирачко место, за вториот круг од Локалните избори, со што ова гласање е единственото трето прегласување на шестите локални избори во Македонија.
Разликата во Чаир меѓу двајцата кандидати меѓу кои се бираше, во вториот круг од изборите беше 209 гласа, а на избирачкото место 2901 разликата беше 66 гласа.
11.11.2017 - 11:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа