Цивил: Гласањето во Чаир тече мирно, излезноста мала
Набљудувачите на Цивил констатираат дека прегласувањето на избирачкото место 2901 во Чаир се одвива мирно и без голема излезност во првиот дел од изборниот ден.
Како што соопштуваат до 12:30 часот на гласање излегле 130 граѓани од вкупно запишани 719 гласачи. Во вториот круг локални избори на 29 октомври во ова избирачко место гласале 278 од вкупно 719 гласачи.
Разликата меѓу кандидатите за градоначалници беше 66 гласа предност за Ибрахими. По одбиениот приговор за избирачкото место 2901 во ОУ „Иднина“, Чаир, Управниот суд Скопје, донесе одлука за прегласување, прифаќајќи ја нивната жалба.
Од Цивил посочуваат дека граѓаните и сите засегнати страни кои имаат информации за изборни нерегуларности можат да ги пријават на телефонските броеви 071 608 523, 078 / 746 138 и онлајн формуларот www.slobodniizbori.info.скс
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа