ДИК: До 17 часот излезноста е 34,9 проценти во Чаир

 

Гласањето на гласачкото место 2901 во општина Чаир каде се прегласува вториот круг од Локалните избори се одвива непрекинато и без проблеми и дo 17 часот на гласање излегле 34,9 проценти од запишаните избирачи.

Портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска на прес-конференција информира  дека до 17 часот од вкупно запишани 719 избирачи на гласање излегле 251, односно 34,9 отсто.

Првичните резултати од гласањето, како што посочи Гугучевска, ДИК ќе ги објави на веб-страницата rezultati.sec.mk по 19 часот откако ќе бидe завршени броењето и сумирањето на гласовите.

 

 

 

12.11.2017 - 18:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега