ФОТО: Вардар во Монпелје ја најде замената за Дејан Милосављев

 

Ракометниот првак се уште не објавува кој ќе го замени Дејан Милосављев на голот на Вардар, но спортските медиуми веќе шпекулираат дека се работи за швајцарскиот репрезентативец Никола Портнер, 25-годишен голман на Монпелје.

Вардар е сериозно заинтересиран за неговите услуги и притиска да го донесе во своите редови од францускиот ракометен тим.

Во Монпелје е од 2016 година, а во 2018 година ја освои европската титула во Лигата на шампионите со овој клуб. Претходно настапувал за два швајцарски тима, Кадетен Шафхаузен и Берн Мури.

Потекнува од спортско семејство, син е на поранешниот југословенски играч Златко Портнер.

Ја имаме замената за Милосављев

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.06.2019 - 22:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега