Заев: Отвараме нови работни места за младите

 

Претседателот на Владата, Зоран Заев заедно со вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за економија, Крешник Бектеши и директорот на Дирекцијата на ТИР зоните, Александар Младеновски, денеска со свои обраќања го означија почетокот на градба на новата фабрика на компанијата „Балканлар Пластик“, со производство во Скопје ТИРЗ 1. На настанот свое обраќање имаше и менаџерот на компанијата, Ерен Чалишир.

 - „Денеска сме овде за убав повод, за нешто што не радува сите. Изградба на нова фабрика е радост за сите заради тоа што ќе се отворат нови работни места за младите луѓе, за нашите граѓани, ќе се зголемува БДП, а ќе учествува и во извозните компоненти на државата. Сето тоа значи зајакнување на економскиот стандард на граѓаните“, рече премиерот Заев во своето обраќање.

 

 Премиерот Заев образложи дека инвестицијата ќе биде во висина од 8 до 10 милиони евра и во прва фаза ќе има 80 нови вработувања со цел да достигнат 300 нови работни места во последната фаза.

 

 - „Оваа инвестиција доаѓа од земја којашто е еден од најголемите пријатели на Република Северна Македонија, а тоа е Република Турција. Сакам да ја искористам приликата да се заблагодарам на турскиот народ за ратификацијата на Протоколот за наше членство во НАТО кое пред неколку дена се случи. До сега имаме 21 ратификација со што станува извесно дека во декември Република Северна Македонија ќе стане членка на НАТО. Тоа истовремено значи мотивација и дополнителна позитивна провокација да привлечеме уште многу нови инвестиции меѓу кои и инвестиции од Турција“, истакна премиерот Заев.

 

 Премиерот посочи дека има евидентен пораст на странските директни инвестиции. Гринфилд инвестициите пораснале за 200 проценти за периодот јуни 2018 до мај 2019 во споредба со истиот период претходно што е нотирано во Извештајот на ФДИ Маркетс, специјален сервис на Фајненшал Тајмс.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.07.2019 - 14:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега