Сугарески: Реализација на гасоводот во Тетовско е 40 отсто

 

Реализацијата на магистралниот гасовод во реонот на Тетовско достигнува 40 отсто и се очекува брзо напредување поради решените предмети поврзани со експропријацијата, истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при денешната посета на Тетовско, каде изврши увид како се одвива обновата на патот до Попова Шапка.

– Изградбата на капитални проекти е врвен приоритет на нашата Влада. Во моментов се работи во сите сфери и во патната инфраструктура и во железничката и во гасоводната. Задоволен сум од динамиката на тоа што се случува со магистралниот гасовод. Динамиката на изградба на гасоводната магистрална мрежа од Скопје до Тетово и Гостивар оди добро. Ланската година беа решени голем број предмети од експропријацијата, што претставуваа сериозен проблем. Овој дел од гасоводот чини 29 милиони евра и реализацијата е околу 40 проценти, рече Сугарески.

Тој истакна дека со градоначалничката на Тетово, Теута Арифи разговарале и за тоа како оди процедурата за дистрибутивна мрежа во градот.

– Очекуваме наредната година институциите да бидат први кои ќе се приклучат на гасоводот. Се разбира ако општината ги направи нивни работи да можат да бидат приклучени прво институциите, а потоа и домаќинствата во Тетово, рече Сугарески.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.07.2019 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега