Заев: Следува инвестициски циклус од пет милијарди евра, на добар пат сме
Премиерот Зоран Заев со видео порака на својот фејсбук профил, го најавува претстојниот инвестициски циклус од околу пет милијарди евра.
– Една милијарда во патишта, една милијарда во железница, една милијарда во енергетика, нов Клинички центар, инвестиции во земјоделството и руралниот развој, нови пречистителни станици, регионални фабрики за прибирање и обработка на отпад, канализациски и водоводни системи, училишта и градинки… Градиме реални проекти за реални потреби на сите граѓани. Нашата држава е на добар пат, вели Заев во пораката на ФБ.
07.08.2019 - 09:04
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа