Скенирајте фискални - Кога ќе легнат првите пари на сметка
Се заокружи првото тримесечје од реализацијата на мерката поврат на 15 отсто од пресметаниот ДДВ. Средствата од повратот остварен во месеците јули, август и септември на граѓаните ќе им бидат исплатени на трансакциските сметки до крајот на декември оваа година.
Од воведувањето на мерката на 1 јули оваа година до вчера регистрирани се 170, 378 корисници на апликацијата „МојДДВ“, скенирани се 22,670,713 фискални сметки, остварен е промет од 11,423,978,620 денари, со вкупен ДДВ од 1,241,434,628 денари додека повратот на 15 отсто од пресметаниот ДДВ изнесува 186,215,194 денари, односно 3,028,000 ЕУР.
По исплатата во декември, ќе следува исплата во текот на месец февруари за месеците октомври, ноември и декември, во април за месеците јануари, февруари и март, во август за месеците април, мај и јуни и во ноември за месеците јули, август и септември.
Во наредниот период Управата за јавни приходи ќе излезе со целосна анализа и податоци за мерката „МојДДВ“ преку којашто ќе се видат придобивките и во однос на намалувањето на сивата економија по нејзиното воведување.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа