Блокирани сметките на фирмите што ја злоупотребија државната помош

 

Управата за јавни приходи ги блокирала сметките на сите компании кои ја злоупотребиле финансиската помош за исплата на плати од третиот пакет мерки, а на дел од нив им биле повлечени средствата кои ги добиле. Ова го исткана денес на прес конференција директоркаата на УЈП, Сања Лукаревска, одговарајќи на новинарско прашање.

„Имињата на сите компании што ја злоупотребуваат помошта и натаму ќе бидат објавувани, со цел јавноста да ги знае, но и да се поттикнат другите фирми да не прават вакви злоупотреби“, рече Лукаревска.

Таа посочи дека постапката против ваквите фирми е во тек и дека Јавното обвинителство побарало дополнителни докази во спроведувањето на истрагата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.11.2020 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега