Хорор сообраќајка во Србија: Загинаа тројца млади

 

Тројца млади луѓе го загубија животот во сообраќајна несреќа која денеска се случи во Србија на патот Шабац – Валјево кај местото Драгиње.

Сообраќајката се случила околу 14:30 откако автомобилот удрил во камион. Во несреќата загинаа возачот и двајцата патници.

Возачот го управувал 20-годишник од Осечине, а во возилото имало уште една 20-годишно лице и еден малолетник, Возачот користел сигурносен појас, но патниците не.

Возачот на камионот не бил под дејство на алкохол. Совозачот во автомобилот држел и куче во рацете кое исто така загинало во несреќата.

Како што пишуваат српските медиуми, возилото „пежо“ загубило контрола и преминало во спротивна лента во која во моментот се движело товарно возило.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by 192.RS (@192_rs)

28.12.2021 - 22:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега