Косовскиот премиер во страв: Путин може да ја прошири војната на Западен Балкан
Косовскиот премиер Албин Курти во интервју за швајцарската телевизија „Блик“ кажа дека Косовоги има НАТО и ЕУ на своја територија, кои ја гарантираа безбедноста на граѓаните.
„Не се плашиме, но будни сме. Србија има повеќе од 40 воени бази на граница со Косово. Но, ги имаме НАТО и ЕУ, иако не сме членки и тие ни ја гарантираат безбедноста“, вели Курти.
Курти смета дека рускиот претседател Владимир Путин може да ја префрли војната во Западен Балкан.
„Србија и Русија имаат блиски односи. Во 2012 година меѓу двете земји се случија две заедни воени активности. Минатата година исто така имаше вежби. Србија не ја осуди анексијата на Крив, ниту окупацијата на Украина“, објаснува премиерот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа