Албанија во мрак: Енергетската криза го исклучи јавното осветлување

 

Албанија им нареди на градовите, ако биде потребно, да ги исклучат светлата во јавните установи и уличното осветлување поради енергетската криза која ја предизвикаа сушата и растот на цената на струјата.

Поради недостатокот на вода, државата електроенергетска компанија во неделата запред 11 од 13 турбини во хидроелектраните и беше присилена голем дел од струјата да ја увезува.

Хидроелектраните веќе со месеци имаат мака поради тоа што не врне дожд, а тешката ситуација предизвика и огромен раст на цената на струјата во голем број европски земји.

Во следните два дена нема да има дожд и работите само се влошуваат, затоа мораме да се потпреме на увозот“, кажа министерката за енергетика Белинда Балуку.

21.03.2022 - 19:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега