Бугарскиот премиер Петков го посети грчкиот пристаништен град Александропулис

 

Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска го посети пристаништето во северниот грчки град Александропулис и се запозна со неговите можности, соопшти бугарската Влада на својата Фејсбук страница.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Бугарија за првпат ќе учествува во постапката за концесија на пристаништето во северниот грчки град. Бугарија ќе биде дел од конзорциумот што ќе конкурира за правата на концесија. Нејзината сопственост во овој конзорциум ќе биде меѓу 10 и 15 отсто.

Преку евентуалното стекнување на концесиски права до 2062 година, Бугарија ќе има пристап до пристаниште во Егејското Море. На овој начин оваа земја ќе стане стратешки партнер во трговските односи во балканскиот регион, што ќе биде од големо значење за бугарскиот бизнис

21.03.2022 - 19:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега