Насилен упад во зградата на РТС: 40 лица влетале во српската телевизија

 

Организацијата „Достојни за Србија“ во Белград направиле проблем, откако биле незадоволни од работата на РТС, па решиле насилно да влезат во зградата на српската телевизија.

„Телеграф“ пишува дека тие не сакале да си заминат од зградата и дале пасивен отпор, но полицијата ги извлекла и ги привела во полициска станица.

Достојни за Србија на нивната официјална веб-страница се декларираат како движење предводено од волјата на народот на Србија, кое ги обединува сите поединци и групи кои се борат со иста цел, а тоа е, пред сè, ослободување, а потоа духовно и материјално исцелување на Србија.

25.03.2022 - 20:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега