Потресна исповед на сопругата на загинат рудник: Не му се одеше на работа, како да знаеше нешто

 

Во српски рудник утрово загинаа осум рудари, меѓу кои и Бојан Стајиќ, кој зад себе ја остави сопругата, но и неговото бебе.

Неговата сопруга Драгана Јовановиќ раскажа дека Бојан воопшто не сакал да оди на работа, како да имала некое претчуство.

„Мене ми се јави брат му да праша што прави Бојан. Претпоставив дека нешто не е во ред. Му кажав дека е трета смена, а тој ми одговори дека имало проблем во рудникот. Знаев дека загинал, имав такво чувство. Не знам ништо, сега го носат на обдукција. Синоќа ми кажа: Боже, колку е убав денот, не ми се оди на работа“, открива сопругата.

01.04.2022 - 22:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега