Снег во Загреб и делови на Хрватска и Словенија
Во Загреб утрово падна снег кој не се задржува на земјата, а помали врнежи имаше и во Крапина и Копривница.
Во внатрешноста на Хрватска, според прогнозата на Хидрометеоролошкиот завод за денеска, ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, повремено со лапавица и снег, особено во ридско-планинските предели каде е можна потенка снежна покривка, јавуваат хрватските медиуми.
Во Словенија врнежите се претворија во снег и во пониските предели, а во текот на денот е можна појава на дожд, пренесува СТА.
02.04.2022 - 13:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа