Србија гласаше - се чекаат резултатите
Во Србија во 20 часот беа затворени избирачките места каде гласаа гласачите на претседателските и парламентарните избори.
Првите прелиминарни резултати треба да бидат познати многу брзо, според некои најави, можеби пред 21 часот, пишува „Блиц.рс“.
До 19 часот на гласање излегле 54,6 отсто од гласачите, соопшти Центарот за слободни избори и демократија (ЦЕСИД).
Изборниот ден во Србија го одбележаа долги редици за гласање, имаше нерегуларности, но и физички пресметки. Нападнати беа двајцата политичари Павле Грбовиќ од Движењето на слободни граѓани (ПСГ) и Братислав Југовиќ од Српската напредна партија (СНС).
Право на глас на изборите во Србија имаа 6.501.689 граѓани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа