РИК ги објави резултатите: Вучиќ доби 58,59 отсто од гласовите, а Понош само 18,32 отсто

 

Републичката изборна комисија (РИК) на Србија одржа седница на која ги соопшти прелиминраните резултати на претседателските избори, кои покажуваат дека кандидатот за прв човек на нашиот северен сосед, Александар Вучиќ освоил 58,59 отсто од гласовите или вкупно 2.157.008 гласови.

Од 6.305.816 граѓани колку беа запишани во бирачкиот избор, дури 3.697.147 граѓани излегле на изборите, а бројот на неважечки ливчиња е 87.445.

Вучиќ доби 58,59 отсто од гласовите, по што следи Здравко Понош со 18,32 отсто од гласовите, па Милош Јовановиќ со 5,97%, Бошко Обрадовиќ со 4,38%, Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски 4,25%, Билјана Стојковиќ 3,20%, Бранка Стаменковиќ 2,03 отсто и Миша Вациќ 0,87 проценти.

04.04.2022 - 22:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега